Главен извршен директор

Драган Лазарески

Драган Лазарески магистрирал во Управување со ризик во индустриски бизнис на Машински факултет, на  Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје. Започнувајќи ја својата кариера како виш стручен соработник за индустриско осигурување, проценка и ликвидација на штети,  во седиштето на тогашната државна осигурителна компанија АДОР “Македонија“ во 1994 година, тој беше назначен за раководител на одделот за реосигурување во 1995 година со задачи за развој и имплементација на современото управување со ризиците во компанијата. Поради остварениот успех во оваа област,  тој беше назначен за Директор за реосигурување на компанијата во 1998 година. Тој водеше неколку проекти за имплементација на новите деловни стратегии во компанијата , а по приватизацијата на компанијата во 2001 год. , кога истата станува дел од глобалната осигурителна група „QBE Europe“,  беше назначен за Извршен директор за големи клиенти и реосигурување. Во 2003 година, заминува од компанијата со цел да основа брокерско осигурително друштво, Еуромак. Во следната деценија учествуваше во либерализацијата на осигурителниот пазар во Македонија, преку тој и други проекти на  формирање и развивање на две друштва за осигурување , во својство на акционер и Главен извршен директор на Осигурителната компанија ” Осигурителна полиса“ во 2005 година, а подоцна во 2008 година на “Кроација осигурување – Неживот” – Македонија. Во 2017 година, станува главен акционер и Главен Извршен директор на Еуромак брокер.

English version