За Нас

ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ЕУРОМАК БРОКЕР  АД СКОПЈЕ  е основано во Скопје  во мај 2003 година , со цел да внесе конкурентност на тогашниот македонски монополизиран осигурителен пазар и даде подобра  осигурителна услуга и дополнителни вредности од осигурувањето на осигурениците.

ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ЕУРОМАК БРОКЕР  АД СКОПЈЕ прерасна во специјализиран осигурителен  брокер во Република Макеоднија за индистриските осигурувања .

Правни рамки за посредување во осигурување и реосигурување

ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ЕУРОМАК БРОКЕР  АД СКОПЈЕ  е правно лице, акционерско друштво, со Седиште  на булевар „ Св. Климент Охридски“ бр. 24/2/2 во Скопје , Република Македонија, кое  обавува стопанска дејност  обезбедување услуги на посредување во осигурување и реосигурување, и доби дозвола од страна на државните институции за вршење на осигурително и реосигурителни брокерски работи бр.27 3982/1 од 26.03.2003 од Министерството за финансии на Р Македонија/ Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Брокер во осигурувањето и реосигурувањето е физичко лице кое има добиено дозвола за спроведување на брокерски услуги за осигурување и реосигурување исклучително како вработено лице во осигуритено брокерско друштво и е запишано во регистарот на осигурителни брокери на Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Република Македонија на : http://www.aso.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=408&Itemid=55&lang=mk

Согласно Законот за супервизија на осигурувањето имаме склучено Полиса за осигурување на професионална одговорност. Осигураната сума на полисата изнесува 10.000.000,00 евра.

Вработени осигурителни брокери
Драган Лазарески
Извршен директор
Регистриран во регистарот на посредници под број OB-0002

English version

Менаџмент

Главен извршен директор                                                     Раководител за брокерско работење